Регион СВЕТ

На првиот работен ден во хрватските училишта се појавија помалку од два проценти од учениците

На првиот работен ден во хрватските училишта се појавија помалку од два проценти од учениците, се наведува во анализата на Хрватскиот сојуз на наставници.

Анализата спроведена на повеќе од 550 примероци покажа дека само 1,77 проценти од учениците одат на училиште.

Најмногу ученици има во училиштата на Задарската жупанија – 3,90 проценти, или 262 ученици од вкупно 6.714, а најмалку во Истарската жупанија каде што не се појавил ниту еден од 7.643 ученици.

Синдикатот на хрватските наставници смета дека ресорното Министерство води кампања – „не ги праќајте децата на училиште“, во која, како што велат, била вклучена и министерката Блаженка Дивјак, јави загребската телевизија Н1. 

Поврзани вести

Унгарија го укина признавањето на родовиот идентитет на трансродовите луѓе

Stefanija Kuzmanovska

Вучиќ: Треба да не остават сами да си го решиме прашањето за Косово

Пожари на југот на Шпанија, евакуирани 3.150 жители

Stefanija Kuzmanovska

Јапонија ќе воведе 6G мобилна мрежа

Никола Поповски

Новата владеачка структура на Романија тврди дека опозицијата планира бојкот на претседателските избори

Влатко Зорба

Со какви цени Грција пречекува туристи годинава?

Влатко Зорба