Вести СВЕТ

Најмалку двајца загинати и 22 повредени во земјотресот во Иран

Најмалку две лица загинаа, а 22 се повредени кога во паника ги напуштале своите домови откако земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди северниот дел на Иран.

Едно 21-годишна девојка починала од срцева слабост во Техеран, додека 60-годишен маж починал како резултат на повреда на главата во градот Дамаванду, источно од Техеран, соопштија локалните власти.

Според надлежните, после земјотресот се почувствувале неколку помали потреси, но не е предизвикана сериозна материјална штета.

Властите апелираа до граѓаните, кои ноќта ја минаа надвор, да ги почитуваат мерките за физичко растојание со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус, од кој досега починаа 6.486 лица, а заразени се 103.135 луѓе.

Поврзани вести

Немири во Италија: Се повеќе заразени, луѓето се крнаа против затворањето

Stefanija Kuzmanovska

160 милиони луѓе нема да се вратат на работа: Продолжува борбата против епидемијата на коронавирус

Никола Поповски

Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Maja_Serafimova

Шведски епидемиолог: Имавме сериозни грешки во бројката на заразени лица, се работи на нов извештај

Трамп воведе санкции за оние кои се вклучени во истрагата за воени злосторства на американската војска во Авганистан

Stefanija Kuzmanovska

Голема полициска акција во Хрватска, уапсена криминална група која работела за српски и црногорски мафијашки кланови