Вести СВЕТ

Најмалку еден убиен и 15 повредени во пукање во ноќен клуб во Канзас

Непознат напаѓач доцна синоќа отворил оган пред ноќен клуб во Канзас Сити, при што убил најмалку еден и ранил 15 луѓе, пренесува Еј-би-си њуз.

Осомничениот наводно починал на местото на инцидентот, а полициските службеници не пукале за време на настанот. Портпаролот на полициската станица рекол дека засега нема апсења.

Според информациите, напаѓачот почнал да пука во редица луѓе кои чекале да влезат во клубот. Полицијата на паркинг пронашла двајца мртви, жена и маж, пишува „Индипендент“.

Властите потврдиле дека за време на инцидентот загинале две лица, од кои еден најверојатно е осомничениот за пукањето.

Поврзани вести

Трамп: Коронавирусот ќе исчезне без вакцината

Влатко Зорба

Се отворија фризерските салони во Словенија, се чекаат редици

Откажани сите јавни собири во Финска, 109 лица се инфицирани со новиот коронавирус

Столтенберг: НАТО ќе развива нови дронови „глобал хоук“, кои ќе можат да ја надгледуваат Русија

Џонсон го врти Трамп околу малиот прст, вели поранешниот советник на претседателот на САД (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Гранатирано багдадско преградие, ранети пет луѓе