ЕУ СВЕТ

Најмалку три лица загинаа при невреме во Шпанија, затворен аеродромот „Аликанте“

Најмалку три лица загинаа при невреме во Шпанија, проследено со силен ветер и снег, пишува весникот „Венте минутос“.

Двајца мажи загинаа, еден во областа Астурија, а друг во областа Кастиња, додека во Гандија, Валенсија, денеска загина жена – бездомник.

Шпанската државна метеоролошка служба објави предупредување поради невремето во 33 провинции. Поради лошото време, некои патишта се затворени, како и пристаништата Валенсија и Гандија. Во 194 општини во регионот Валенсија часовите беа откажани.
На Твитер, шпанските аеродромски власти соопштија дека аеродромот „Аликанте“, поради силниот ветер, денеска ќе биде затворен. На 15 јануари, пак, на тој аеродром имаше пожар.
Според синоптичарите и утре  се очекува слично време.

Поврзани вести

Уапсен најбараниот хрватски бегалец, двапати ограбил иста банка во Шибеник

Тепачка во турскиот парламент (ВИДЕО)

Светска банка: Најсиромашните земји очекуваат суспендирање на долговите

Повеќето Германци не сакаат нови бегалци

Stefanija Kuzmanovska

Лекарите го открија начинот: Како е спасен првиот заразен Италијанец

Никола Поповски

Тачи: Итно да се укинат таксите кон Србија

Никола Поповски