СВЕТ

Напад во Франција: Две жени прободени со нож во близина на Ајфеловата кула

Уште еден напад се случил во Франција – две жени биле прободени со нож во близина на Ајфеловата кула.

Полицијата претпоставува дека станува збор за расистички напад – затоа што нападнатите биле муслиманки, а биле нападнати од две жени кои им упатиле бројни навреди.

Полицијата извести за овој напад дури откако снимките на сведоците на настанот стигнаа до јавноста. Нападнатите жени шетале со своите семејства, а децата, како што рекоа, биле исплашени од кучиња кои не биле на поводник.

Откако ги замолиле да ги врзат, биле нападнати со нож. Едната од нив има рани на градите, а на другиот ѝ е оперирана дланката.

Минувачите ја сопреле едната од напаѓачите, а другата наскоро била уапсена.

Поврзани вести

Човекот кој му сврте грб на Трамп остана сам

Никола Поповски

Хилари Клинтон: Никој не го сака Берни Сандерс

Американ ерлајнс: Отказ или принуден одмор за 19 000 вработени

Никола Поповски

Лондон се подготвува в петок да одбележи напуштање на ЕУ

Stefanija Kuzmanovska

Рециклирале користени кондоми и повторно ги продавале: Запленети 360 килограми (видео)

Никола Поповски

Швајцарската полиција уапсила руски разузнавачи во Давос

Никола Поповски