СВЕТ

Напаѓачот во Ница е 21-годишен Тунижанец

Француските безбедносни сили веруваат дека напаѓачот вооружен со нож кој денеска уби три лица во црква во Ница е 21-годишен државјанин на Тунис.

Лицето неодамна влегло во Франција од Италија, тврди полициски извор. Безбедносните сили сè уште го проверуваат неговиот идентитет, пренесува „Фена“.

Напаѓачот влегол во црквата во 9 часот наутро по локално време вооружен со нож и го пресекол грлото на управникот на црквата, обезглавил постарата жена и тешко повредил уште една жена, изјави полициски извор. Третата жртва успеала да избега во блиското кафуле каде што набргу починала.

Во текот на апсењето, осомничениот бил застрелан од полицијата и се наоѓа во болница. За време на нападот и по апсењето, напаѓачот извикувал „Алах Акбар“.

Поврзани вести

Пекинг: Строгите мерки сè уште се на сила, 21 новозаразен

Вучиќ и Хоти потврдија дека европската интеграција е приоритет

Никола Поповски

Грета Тунберг прогласена за личност на годината од „Тајм“

Австралија: Поради силните пожари, луѓето заробени на плажите

Maja_Serafimova

ЕУ: Печатите на граница ќе заминат во историјата

Maja_Serafimova

Еден од најгледаните медиуми во Албанија доби решение за затворање заради „неодржување физичка дистанца“