ЕУ СВЕТ

Наскоро 200 луѓе во Германија ќе примат вакцина против Ковид-19

Двеста здрави луѓе на возраст меѓу 18 и 55 години ќе добијат неколку варијанти на вакцината против коронавирус.

Одобрено е клиничко испитување на вакцината КОВИД-19 во Германија, соопшти Федералниот институт за вакцини во таа земја.

Ова ќе значи дека 200 здрави луѓе на возраст меѓу 18 и 55 години ќе добијат неколку варијанти на вакцини, бидејќи научниците ја тестираат ефикасноста на обезбедување имунитет против вирусот, пренесува Independent.

Во тек е трка за да се развие вакцина која ќе помогне во борбата против ширењето на коронавирусот, во кој досега починаа повеќе од 177.000 луѓе и заразени се 2,5 милиони, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека најмалку 20 различни вакцини COVID-19 во моментов се во фаза на развој, вклучително и неколку во фазата на клиничко испитување.

Поврзани вести

Д-р Ѓикиќ: Короната не е смртоносна, но е исклучително опасна

Авион се лизна од пистата во Алјаска

Maja_Serafimova

Русија ѝ нуди на Велика Британија соработка за изработка на вакцината

Stefanija Kuzmanovska

Германија: Жртвите на свештениците ќе добијат до 50 000 евра

Никола Поповски

Тачи не поднесува оставка од претседателската функција ако го викнат во Хаг

ЕК препорача постапно отстранување на ограничувањата за патувањето

Stefanija Kuzmanovska