Вести СВЕТ

Научниците имаат докази и теории: Зошто есенскиот бран на Ковид-19 ќе биде помалку смртоносен?

Вториот бран на коронавирус, кој моментално ја погодува цела Европа, е помалку смртоносен од првиот во пролетта, а пациентите се со помала веројатност дека ќе завршат во болница.

Бројот на пациенти кои треба да бидат хоспитализирани, како и стапката на смртност од Ковид-19, во моментов расте со пониска стапка отколку во пролетта, покажала анализата на „Фајненшл тајмс“, врз основа на податоците на здравствените институции.

Болниците не се исполнети како во март и април, иако бројот на откриени случаи е поголем.

„Во Западна Европа, скоро секоја земја има пониска стапка на смртност отколку во пролетта“, изјавил Марк Вулхаус, професор по инфектологија и епидемиологија на Универзитетот во Единбург.

Бројот на смртни случаи во однос на откриенite(case fatality rate, CFR) опаѓа и може да се објасни со поголем број тестови, но и со фактот дека се заразени поголем број на помлади луѓе.

Сепак, дури и пациентите кои се на интензивна нега сега имаат поголема веројатност да преживеат отколку во првиот бран на пандемијата.

Податоците на британскиот Национален центар за интензивна нега покажуваат дека процентот на оние кои починале во рок од 28 дена по приемот на интензивна нега, паднал од 39 проценти, колку што беше до 31 август, на 27 проценти, како што започна на 1 септември.

Зголемување на шансите за преживување на пациентите на интензивна нега најдобро се гледа кај лицата на возраст под 70 години. Тоа скокнало од 61 на 79 проценти кај луѓето на возраст меѓу 50 и 69 години и од 82 на 91 процент кај оние на возраст под педесет години.

Подобрување се забележува кај пациентите кои имале различен степен на сериозност на болеста, вклучително и кај оние со хронични здравствени проблеми или со многу ниско ниво на кислород во крвта.

Пол Хантер, професор по медицина на Универзитетот во Источна Англија, смета дека половина од подобрувањето е резултат на употребата на стероиди кои го намалуваат воспалението и прекумерната реакција на имунитетот.

„Останатото најверојатно се должи на искуството на лекарите и медицинскиот персонал кои научиле каков третман треба да користат пациентите“, вели тој.

Питер Опеншау, професор по експериментална медицина на Империјал колеџот во Лондон, има слично објаснување.

„Луѓето научија многу мали трикови кои, кога се комбинираат, прават голема разлика по некое време“, тврди тој.

И возрасната граница на пациентот е променета. На возраст над шеесет години, според податоците од 44 земји објавени од Меѓународната асоцијација за борба против тешки воспалителни белодробни заболувања, сочинувале 70% од хоспитализираните во февруари. Сепак, во август, имало помалку од половина од нив.

Сепак, подобра прогноза не е само резултат на промените во структурата на возраста на пациентите. Смртноста над 60-годишна возраст кои биле хоспитализирани паднала од 50% во раната пролет на 25% во август.

Гидеон Мејеровиќ Кац, епидемиолог на Универзитетот Волонгонг во Австралија, вели дека една од причините е што при првиот удар на короната, многу луѓе биле тестирани доцна и доцна пристигнале во болниците, додека сега се тестираат и на првите знаци на инфекција.

Поврзани вести

Белорускиот опозиционер Знак започна штрајк со глад во затворот

Влатко Зорба

ВИДЕО: Евакуиран градот Вухaн поради Коронавирусот

Viktor Jovanov

Уште еден земјотрес со интензитет од 4,8 степени го погоди утрово Крит

Кина одговори на критиките со своја теорија на заговор: Дали коронавирусот во Вухан е донесен од лабораторија од САД?

Филаделфија: Евакуација поради закана за бомба во близина на место каде се бројат гласовите

Никола Поповски

Лидерот на Образ: Вучиќ се плаши дека ако падне Ѓукановиќ, ќе падне и тој (видео)

Никола Поповски