СВЕТ

Научниците конечно сфатија зошто децата се поотпорни на корона

Сè уште не знаеме многу работи за короната, но во голема мера е издвоена една светла точка на оваа пандемија – малите се претежно поштедени. Научниците сега конечно претпоставуваат зошто децата, за разлика од возрасните, или не заболуваат од Ковид 19 или имаат многу блага клиничка слика, но и помалку ја шират инфекцијата од возрасните.

Од почетокот на пандемијата на корона, утешна вест е дека децата се претежно поштедени, но тоа не значи дека родителите не се грижат, особено кога станува збор за одење во градинки и училишта, пишува „Њујорк Тајмс“.

За среќа, има повеќе навестувања кои укажуваат дека децата ја поднесуваат короната многу подобро од возрасните. Најнапред, 17 деца на возраст под пет години досега починале од Ковида 19. Се спроведуваат и студии, па така една направена во Ирска вели дека од 848 тестирани деца помлади од 10 години, немало корона, иако за време на тестирањето работеле и училиштата и градинките. И студиите во Кина покажаа дека децата се изложени на помал ризик од заразување со Ковид 19, дури и ако живеат со заразени возрасни лица.

Затоа, некои експерти претпоставуваат дека причината за тоа е што вирусот не може да навлезе во клетките кај децата, бидејќи, за разлика од возрасните, тие имаат значително помалку рецептори наречени ACE2, на кои се лепи вирусот.

Како што растат, децата добиваат сè повеќе од овие рецептори па така расте и ризикот од заболувања.

Од друга страна, некои експерти веруваат дека децата помалку ја шират инфекцијата затоа што помалку капки кои можат да бидат контаминирани излегуваат од нивните мали бели дробови.

 

Поврзани вести

Се повеќе излечени лица во Италија: Во последните 24 часа благ пораст во бројот на смртни случаи

По првата тв-дебата, Бајден собра рекордни 3,8 милиони долари донации

Stefanija Kuzmanovska

Во САД рекордни 54.000 новозаразени со Ковид-19 во еден ден

Stefanija Kuzmanovska

Колесникова во притвор до 8 ноември

Stefanija Kuzmanovska

Протестите на пензионерите и таксистите предизвикаа сообраќаен колапс во Белград

Maja_Serafimova

Трамп наскоро со список со предлози за реформа во полицијата