Вести СВЕТ

Навални бил испратен гол во Германија: „Барам да ми се врати облеката бидејќи е важен материјален доказ“

Рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални го објавил првиот пост на својот блог по излегувањето од кома, во кој тој побарал да му се врати облеката што ја носел во авионот, во моментот кога му се слошило, бидејќи, како што вели, тие претставуваат важни материјални докази.

„Пред да им биде дозволено да ме однесат во Германија, ми ја соблекоа целата облека и ме испратија целосно гол“, напишал тој и инсистирал да открие што се случило со неговите работи.

Навални тврди дека неговата облека е важен материјален доказ.

„Истече законски пропишаниот 30-дневен преглед пред истекот на истрагата. Барам облеката внимателно да се спакува во торба со целофан и да ми се врати“, напишал опозиционерот.

Откако му се слоши на летот во Русија на 20 август, Алексеј Навални беше примен во болница во Берлин, каде сè уште се опоравува од последиците од труењето со овој нервен отров. Токсиколошките крвни тестови на рускиот опозициски лидер, спроведени во германската воена лабораторија обезбедија „непобитни докази“ дека тој бил отруен од Новичок.

Москва продолжува да ја исклучува таквата можност, и покрај заклучоците и доказите на научниците од германските, француските и шведските лаборатории.

Поврзани вести

Нил Јанг ќе го тужи Доналд Трамп

Stefanija Kuzmanovska

Лавров и Зариф: Неопходно да се постигне долготрајна стабилизација

user4

Софија е на трето место во светот според загадувањето на воздухот

Во Италија починаа 260 лица, најмалку од 14 март

Влатко Зорба

Присуствува и Иванка Трамп: Започнала втората рунда разговори меѓу Србија и Косово во Белата куќа

Никола Поповски

Ирачката војска денеска го осуди убиството на командантот на ирачките шиитски милиции Абу Махди ал-Мухандис

Maja_Serafimova