Регион СВЕТ

Нема заразени со коронавирус во Србија, ќе се набават пет милиони хируршки маски

Во Србија до денес не се пријавени случаи на заболени од коронавирус (КОВИД-2019), соопшти Министерството за здравство, кое двапати на ден ги ажурира информациите за вирусот.

До вчера во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак тестирани се 25 лица за кои постел сомнеж дека го имаат вирусот, а примероците од сите тестирани биле негативни на коронавирус.

Министерството за здравство објави и видео снимка со информации за граѓаните за новиот коронавирус, во кое се потсетува дека симптомите на болеста се треска и кашлица, а за да се намали ризикот од инфекција потребно е сите да се грижат за личната хигиена и да ги следат упатствата на Министерството за здравство.

На граѓаните кои чувствуваат симптоми им се препорачува да останат дома, да не одат на јавни места, работа, училиште, градинка.

-Ако сте дојдени од Кина или северна Италија или друо жариште, контактирајте го Министерството за здравство. Останете дома 14 дена и намалете ги вашите контакти, се порачува во видеото.

За апотеките и здравствените установи во Србија ќе бидат набавено пет милиони хируршки маски, а здравствените власти планираат да ја ограничат нивната куповина, односно едно лице да може да купи неколку парчиња, пишува денешна „Политика“.

-Во државните аптеки имаше маски, но не и во сите приватни. Имаме доволно резерви за се што е потребно доколку се појави коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.

Од Сојузот на приватните апотеки на Србија потенцираа дека нано-маските кои ги увезувале, повеќе не пристигнуваат затоа што некои од земјите кои ги производуваат решиле да ги сочуваат за своите граѓани.

Поврзани вести

Борис Џонсон за коронавирусот: Лекарите сакаа да ме прогласат за мртов

Почна кампањата Мисија 1.5 на ОН: Целта е да се приближат ставовите на граѓаните и владите во однос на сеопфатните активности против климатските промени

Никола Поповски

Нов силен земјотрес: Во Тирана сите излегле на улица, во Драч оштетена болницата (ВИДЕО)

Во Кина нови 508 заразени од коронавирус

Фејсбук да не му дозволува на Трамп да дезинформира

ЕУ преговара со најмалку 6 потенцијални производители на вакцини

Stefanija Kuzmanovska