Вести СВЕТ

Немирите се проширија на сите континенти: Светот се крена после бруталната смрт на Џорџ Флојд (видео)

Илјадници луѓе во Нов Зеланд мирно протестирале, извикувајќи „Животот на црнците е важен“, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој починал поради бруталната полициската интервенција во САД.

Тоа е еден во низата протести кои се проширија од САД ширум светот, откако беше објавено видео на кое се гледа како полицаец клекнува на вратот на Флојд скоро девет минути, додека Афроамериканецот го моли дека не може да дише.

Демонстрантите во Оукланд седнале на патот по мирниот марш и кренале стиснати тупаници како знак на единство, солидарност и „црната сила“, пренесува Ројтерс.

Протести во Канада

Илјадници Монтреалци се собрале во центарот на градот пред полициската управа во неделата, кревајќи го гласот против полициската бруталност и расната дискриминација, а полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите.

„Има расизам во Квебек“, „Црниот живот е важен“ и слични слогани можеле да се слушнат кога митингот започна околу 16:30 часот по локално време во центарот на Монтреал.

По неколкуте говори пред седиштето на полицијата, демонстрантите марширале низ улиците на Монтреал.

Преку звучник околу 20 часот, полицијата го прогласила протестот за незаконски и употребила солзавец за да ги растера демонстрантите.

Додека повеќето демонстранти си отишле, некои групи останале, кршејќи ги прозорците на околните продавници и поставувајќи барикади на улицата „Св. Урбан“. Ограбена била музичка продавница во центарот на градот.

Поврзани вести

Турција нема зелено светло за влегување во Сирија, тврди сенаторот Греам

Влатко Зорба

Сорос: Корона-кризата се заканува по опстанокот на ЕУ, но го знам решението

Девет морнари од американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт се во болница поради коронавирус

Извади пиштол и ладнокрвно уби бездомничка (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Шведската полиција соопшти дека се украдени два тенка од воен магацин во близина на Стокхолм

Голем пад на цената на нафтата