Вести СВЕТ

Нереди и во Париз после смртта на Флојд: Полицијата морала да употребува солзавец (видео)

Француската жандармерија употребила солзавец за да ги растера демонстрантите од улиците на Париз, кои запалиле контејнери во знак на протест против расната неправда, полициска бруталност и насилната смрт на Американецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

На почетокот демонстрантите клекнале со кренати тупаници, додека пожарникарите се обиделе да го изгаснат пожарот што горел на улиците на француската престолнина, но протестите наскоро се претвориле во масовен излив на бес и уништувања, објавува АП.

Како што се наведува, синоќешните протести потсетуваат на масовните, насилни демонстрации што се случија во Париз, а потоа и во други градови во Франција, по повод смртта на црнецот Адам Траоре во полициски притвор во париското предградие Бомонт-сур-Оас во 2016 година.

Бранот јавни немири, протести и грабежи се прошири низ САД во текот на изминатата недела по смртта на Афроамериканецот Флојд за време на неговото апсење. Демонстрации со солидарност со демонстрантите кои протестираат против смртта на Џорџ Флојд, се одржаа во Германија, Канада, Ирска и други земји.

Поврзани вести

Борисов на средба со Трамп во Белата куќа

Руската делегација ја напушти Анкара без договор за покраината Идлиб

Никола Поповски

Договорот за бегалците меѓу ЕУ и Турција не успеа: Кој е виновен?

Американското цивилно воздухопловство пресмета: Боинг 737 може да падне 15 пати и да загинат околу 3.500 лица

Најмалку 884 смртни случаи во старските домови во Франција

Училиштата во Турција ќе останат затворени до крајот на мај