Вести СВЕТ

Нетанјаху прогласи победа на изборите во Израел, но нема мнозинство

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху води на неизвесните парламентарни избори, но сè уште го нема потребното мнозинство за формирање влада, на третите по ред избори во последните година дена.

Според првичните прогнози на три од највлијателните израелски ТВ-канали, лидерот на десничарскиот Ликуд, Нетанјаху, прогласил изборна победа над неговиот главен ривал на вчерашните избори, поранешниот началник на израелските вооружени сили, Бени Ганц, лидер на центристичката „Сино-бела“ партија, објави Ројтерс.

Во меѓувреме, резултатите покажаа дека Нетанјаху нема парламентарно мнозинство и, најверојатно, овој резултат е политички ќор-сокак.

Во последните прогнози тој број се спушти на 59 пратенички места, што ја отежнува задачата на Нетанјаху за формирање коалиција.

„Победата е особено слатка затоа што беше освоена и покрај сите тешкотии“, рече Нетанјаху во седиштето на неговата партија во Тел Авив, пренесува Ројтерс.

Ганц изрази разочарување по изборните резултати: „Ова не е резултатот што го посакувавме“, рече тој.

Победата би му овозможила на Нетанјаху да ја потврди својата политичка долговечност и покрај обвиненијата за корупција, но и да му го отвори патот за да го исполни ветувањето за изградба на нови израелски населби во окупираниот Западен Брег по изборите, во согласност со мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Предлогот беше категорично отфрлен од Палестинците затоа што не остава простор за воспоставување на палестинска држава во појасот Газа и Западниот Брег, окупирана од Израел по кратката израелско-арапска војна од 1967 година.

Поврзани вести

Висок командир на иранската Револуционерна гарда предупреди дека наскоро ќе следува „посурова одмазда“

Грција: Лажна е веста за смртта на сирискиот мигрант

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Хонгконг за да одбележат половина година протести против власта

Во акција на германската полиција уапсени 12 терористи

Бугарија: 28 контејнери со отпад се враќаат во Италија

Никола Поповски

ЕП: Се разгледува барањето за укинување на имунитетот на Пучдемон

Никола Поповски