Вести СВЕТ

Неверојатни сцени од луѓе кои бегаат од Париз пред „локдаунот“ (фото)

Нереални сцени ги преплавија социјалните мрежи. Ширењето на епидемијата на коронавирус доведе до воведување на карантин во многу европски земји. Делумното или целосното затворање е причина за голем метеж во Париз, бидејќи граѓаните сакаат да го поминат карантинот надвор од градот.

На петтиот ден од делумниот карантин во Луксембург, мерките биле засилени. До крајот на месецот, бројот на луѓе во продавниците е ограничен – еден на десет квадратни метри, забрането е да се собираат повеќе од четири лица на едно место, а маските се задолжителни насекаде.

Сепак, огромни гужви се формирале во пограничните области со Франција. Додека таа земја влегува во целосен карантин во кој сите патувања се забранети, огромен број жители побрзале да ги наполнат резервоарите пред да купат и да купат цигари и алкохол, што во Луксембург се многу поевтини отколку во околината.

„Дојдовме од блискиот град, на две минути од тука, да наполниме гориво и еве веќе чекаме два часа“, вели еден пар.

„Дојдов заради пандемијата, знам дека е глупаво и опасно, но имам уште малку време додека ми е дозволено патување. Но, морав да наполнам гориво и да купам цигари“, вели друг соговорник.

Синоќа и Парижаните ги блокирале патиштата во обид да го напуштат градот, со цел да го поминат карантинот на село.

Како што претходно соопшти претседателот Емануел Макрон, карантинот ќе трае најмалку до 1 декември, а во тој период на граѓаните ќе им биде дозволено да го напуштаат домот само поради неопходна работа или од медицински причини.

Поврзани вести

Ангела Меркел во карантин

Влатко Зорба

Трамп: До крајот на пандемијата 70.000 смртни случаи

Stefanija Kuzmanovska

По првата фаза од годинешниот систематски преглед Трамп објави дека неговото здравје е „многу добро“

Влатко Зорба

Вучиќ замина за Париз шокиран од синоќешните демонстрации: Тоа не го направија ниту фашистите во 1941 година

Американски виролози откриваат дали е неопходно да се дезинфицира амбалажата на производите од продавница

Помпео ги оцени како шокантни и вознемирувачки наводите дека Кина присилно ги стерилизира муслиманите