Регион СВЕТ

Никшиќ под опсада од полиција, пред станицата поддржувачи на СПЦ извикуваа „Светињата мора да се брани“

Поддржувачите на Српската православна црква (СПЦ) се собираат вечерва во Подгорица и Никшиќ, јавуваат медиумите во Подгорица.

Во Подгорица голем број граѓани се собраа на молитва пред Црквата Христово Воскресение во Подгорица, но по службата, на покана на ректорот на богословијата од Цетиње Гојко Перовиќ, тие мирно се разотидоа, пренесува порталот Победа од Подгорица.

Неколку стотици граѓани се собраа пред Центарот за безбедност во Никшиќ.

Според подгоричкиот портал Вијести, во моментот кога интервентната полициска единица застанала пред портата на полицијата, граѓаните ја поздравиле со аплауз.

Собраните извикувале „Нема да го дадеме епископот“, „Драга наша милиција, повеќе не го слушај Мило“ и „Црна Гора се крена, светињата да се брани мора“, а тие исто така ја кажаа и молитвата на Оче наш.

Две лица осомничени за сторено кривично дело повикување на отпор се уапсени во Херцег Нови, откако ги поканија граѓаните да се соберат во Игало, објави вечерва црногорската полиција.

 

Поврзани вести

Зголемена радиоактивност близу Чернобил поради шумски пожар

Полицијата го уапси мажот кој прегази пешаци и бебиња близнаци во количка (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Трамп до Русија: Престанете да ги поддржувате ѕверствата на Асад во Сирија

Никола Поповски

Хенкок: Епидемијата се уште не го достигнала врвот, рано е за намалување на вонредните мерки во Британија

Официјално: Конзервативците освоија 365 пратеници

Вучиќ: Мерките воведени за ширење на коронавирусот се олеснети, бидејќи се гледа дека епидемијата слабее