СВЕТ

Ниту едно лице вакцинирано со руската вакцина немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирус во Москва, изјави денеска градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

„Веќе вакциниравме околу 3.000 лица, сите се во добра здравствена состојба, а поминаа неколку недели и не забележавме никакви компликации“, изјави Собјанин пред новинарите, пренесе ТАС С.

Русија стана првата земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирус, „Спутник V“, на 11 август, пренесува „Танјуг“.

Вакцината е развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство „Гамалеја“ и ги поминала клиничките испитувања во јуни и јули.

Поврзани вести

Меркел останува на одлуката дека нема да се кандидира за германска канцеларка

Белоруски министер за Борел: Човекот не ја вистинската ситуацијата во нашата земја, ја згреши Белорусија со Украина

Никола Поповски

Американците се простуваат од Џорџ Флојд: Денес последна комеморација во Хјустон (видео)

Израел ги бомбардираше позициите на Исламски џихад, најмалку тројца загинати

Главниот лекар во болницата која минатата недела ја посети Путин се заразил со коронавирус

Борисов: Дисциплината не е наша јака страна, поради што воведуваме нови мерки против коронавирусот