Вести СВЕТ

Нов детал од случајот на починатиот Афроамериканец: Флојд имал коронавирус

Убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, покажала државната обдукција, објави Си-Ен-Ен.

Според обдукцискиот извештај, Флојд бил заразен со Ковид-19.

Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека за време на обдукцијата е направено ПЦР-тест, кој може да покаже позитивен резултат „неколку недели по инфекцијата“, наведува Си-Ен-Ен.

Тој додал дека Флојд веројатно имал асимптоматска хернија, така што вирусот не играл позната улога во неговата смрт и веројатно не бил заразен.

Афроамериканецот Џорџ Флојд беше брутално уапсен во Минеаполис минатата недела, а потоа почина откако беше задушен од полицискиот службеник Дерек Човин.

Протестите низ САД започнаа да се шират и во Европа.

Независната истрага потврди дека Флој починал од задушување, а Човин е обвинет за неговата смрт, односно за убиство од втор степен.

Поврзани вести

Европската комисија: Потврден првиот случај на коронавирус

„Вашингтон пост“ ја врати на работа отпуштената новинарка по твитот за Коби Брајант

Србин кој живее во Кина раскажува што се случува таму: Секој граѓанин има здравствен код

Се вратил од Италија во БИХ му рекле: „Што ќе ве тестираме, така е тоа со вирусите, се шират“

Италијанските инфектолози: Вирусот е активен и во солзите на заразените луѓе

Под новиот слоган ,„остануваме безбедни“, Грците излегуваат од карантин