Вести СВЕТ

Нов црн рекорд на Флорида: Повеќе од 15 илјади заразени во последните 24 часа

На Флорида e регистриран рекорден број на случаи на новозаразени со коронавирусот за 24 часа – 15.299, што е приближно една четвртина од вкупниот број нови случаи на заразени во САД на дневна основа.

Земјата со само седум проценти од американското население го надминала претходниот црн дневен рекорд што го држела Калифорнија, пишува Би-Би-Си.

Се покажа дека Флорида, која во мај започна да ги крева ограничувањата воведени како резултат на епидемијата на вирусот, е ранлива поради туризмот и постарата популација.

Флорида ги надминала најлошите дневни стапки на инфекција регистрирани во април во Њујорк. Само денес во земјата починале 45 лица поради компликации со Ковид-19.

Според анализата на Ројтерс, ако Флорида би била земја, тоа би била четврта во светот по бројот на новозаразени.

Повеќе од 40 болници во оваа американска држава соопштиле дека се исполнети нивните капацитети за интензивна нега.

Поврзани вести

Трамп повторно ќе учествува на изборите заедно со Мајк Пенс

Помпео: Режимот во Иран крие клучни детали за избувнатиот коронавирус во земјата

Британски медиуми: Дали е во тек операција „Инфекција – 2“?

Stefanija Kuzmanovska

Ердоган: На границата со Европа има 18.000 мигранти, денес би можеле да бидат 30.000

Трамп е подготвен да соработува и со диктатори, доколку инвестираат во САД

Влатко Зорба

Балтичките земји ги отворија своите граници