Вести СВЕТ

Нови 323 починати во Италија: Продолжува да опаѓа бројот на новозаразени

Италија има 323 нови жртви од коронавирусот, но податоците за новозаразени достигнаа нов минимум, покажувајќи само едно лице на триесет тестирани да е позитивно, соопшти Италијанска цивилна заштита.

Повторно, бројот на пациенти на лекување и интензивна нега се намалил, како и претходните денови. Ова укажува на пад, иако многу бавен, во ширењето на вирусот, тврдат епидемиолозите.

Во последните 24 часа кај 2.086 лица е потврдена инфекцијата, но извршени се повеќе тестови отколку во претходните денови, а процентот на заразени бил 3,3 проценти, што е минимум од избувнувањето на епидемијата.

Досега починале 27.682 лица во земјата, а заразени се вкупно 203.591.

Поврзани вести

Палмер: Русија и Кина се проширија на Балканот, од суштинско значење е Северна Македонија и Албанија да имаат јасен европски пат и европска перспектива

Никола Поповски

Бајден е во предност, но Невада одлучува за победникот на изборите

Никола Поповски

Бугарите во септември најмногу патувале во Македонија, Романија и Србија

Maja_Serafimova

Путин: Не гледам ништо криминално во бизнис врските на Хантер Бајден

Влатко Зорба

Доналд Туск е единствен кандидат за лидер на европската десница

Кралицата го прогласи за витез стогодишниот капетан Мур

Stefanija Kuzmanovska