Регион СВЕТ

Нови два случаи на коронавирус во Албанија, бројката се искачи на 12

Во Албанија потврдени се два нови случаи на лица заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 12 лица.

-Направени се 43 нови тестови, само два случаи се позитивни. Едниот бил во контакт со првозаразените, татко и син во Тирана, додека другиот е повозрасно лице од Љушња кој допатувал од Бергамо.

До денеска тестирани се вкупно 157 лица сомнителни на Ковид-19 а до сега само 12 беа позитивни, од кои дури девет имале контакт со првозаразените, рече заменик министерката за здравство Мира Ракацоли, на редовната пладневна прес конференција. Таа додаде дека 104 лица кои контактирале со веќе заразените се во домашна изолација, меѓу нив и здравствени работници.

Албанското Министертво за здравство денеска издаде нова наредба со која до 3 април се става клуч на врата на ноќните клубови, детските забавни објекти, спортски центри, базени, интернет-клубови, културни центри, пабови и диско- клубови.

Поврзани вести

Бунтовниците во Јужен Судан ја одбија владината мировна понуда

Stefanija Kuzmanovska

Макрон: Носењето маски не е задолжително, враќањето во училишните клупи ќе биде доброволно

Чувари ги пуштиле на слобода најголемите криминалци во Парагвај?

Никола Поповски

Путин за договор против шпионажа со САД

Александар Петровски

Три лица загинаа, а уништени се 150 куќи во пожарите во Австралија

Како од австрискиот бар на Алпите се прошири коронавирусот низ Европа (ВИДЕО)