Вести СВЕТ

Нови мерки во Шкотска: Забрана за одење на гости, а пабовите и рестораните остануваат отворени

Шкотските власти од денес забраниле собири по куќи во Глазгов и во два околни окрузи поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Од вторникот на полноќ, 800.000 жители на Глазгов, Вест Данбартоншајр и Ист Ренфрушајр не смеат да примаат луѓе кои не се дел од нивното домаќинство во нивните домови, ниту им е дозволено да се посетуваат едни со други.

Шкотската премиерка Старџен ја објасни оваа одлука со изјавата дека инфекцијата најмногу се пренесува во домовите и дека мерката ќе биде на сила во период од две недели, пишува Гардијан.

„Знам колку е непопуларна мерка ова за луѓето во тие области. Го знам тоа затоа што и јас живеам во Глазгов. Значи, правилата важат и за мене, како и за сите други“, рекла Старџен на прес-конференцијата.

Училиштата, пабовите и рестораните ќе останат отворени.

Поврзани вести

Џонсон сака да изгуби тежина, но нема да станува веган

Влатко Зорба

Откриена е нова последица од Ковид-19, за која лекови не помагаат

Stefanija Kuzmanovska

Трамп преку Твитер повика на апсење на демонстрантите

Влатко Зорба

Руски и турски трупи почнаа со заедничко патролирање во Идлиб

Ердоган и Путин телефонски разговараа за Сирија

Советникот на британската Влада поднесе оставка поради прекршување на правилата за изолација