Регион СВЕТ

Нови мерки во Србија: Од 1 јуни јавни собири до 1.000 луѓе и публика на спортските натпревари

Српскиот кризен штаб, со кој претседава премиерката Ана Брнабиќ, одлучил да дозволи собир до 1000 луѓе на отворено.  Исто така, од 1 јуни ќе започнело тестирањето за откривање на антитела по барање на граѓаните.

Навивачите и гледачите на спортските натпревари ќе мора да се придржуваат на одредени мерки со цел заштита од коронавирусот како што е држењето на препорачаното растојание.

Епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавшевиќ изјавила дека на седницата на Кризниот штаб со кој претседава премиерката Брнабиќ, едногласно било решено да се релаксираат мерките во согласност со сегашната епидемиолошка состојба.

Од 1 јуни, сите граѓани кои немаат симптоми, а сакаат да направат брз серолошки тест за антитела, ќе можат да го сторат тоа по цена од 1.200 динари. Според одлуката, важно е да се нагласи дека овие тестови не се задолжителни и се прават исклучиво на лично барање.

Поврзани вести

Бајден се покаја

Stefanija Kuzmanovska

Прогласена вонредна состојба во Венеција

Влатко Зорба

Вучиќ ветува 900 евра просечна плата во Србија до 2025 година

Александар Тодески

Се урна воен авион во Алжир

Никола Поповски

Во Германија уапсени четворица Таџикистанци кои биле членови на исламистичка терористичка ќелија

Борис Џонсон за коронавирусот: Лекарите сакаа да ме прогласат за мртов