Вести СВЕТ

Нови проблеми за Украина: Се прошири пожарот во Чернобил (видео)

Пожарот што избувна во близина на нуклеарната централа во Чернобил и поради што се зголеми нивото на радијација, зафати 35 хектари како резултат на силниот ветер, соопшти Службата за итни случаи на Украина.

Пожарникарите го гаснеле пожарот уште од саботата, кога тој се проширил на 35 хектари.

Биле употребени и два хеликоптери Ми-8, а 10 единици се планирани да бидат преместени на таа територија. Авионите веќе исфрлиле 72 тони вода.

Како што е наведено, нивото на зрачење во Киев и областа е во нормални граници.

Пожарот се појавил во ексклузивната зона на Чернобил, која се протега на 2.600 квадратни километри, а била основана по нуклеарната катастрофа во 1986 година кога радиоактивен облак го зафати поголемиот дел од Европа.

Областа е претежно ненаселена, иако околу 200 луѓе остануваат да живеат таму и покрај повиците за напуштање.

Поврзани вести

Црни рекорди во Хрватска, од полноќ нови ригорозни мерки

Никола Поповски

Кина пријави 49 нови случаи на коронавирус

„Ер Србија“ со дозвола за летање: Само Британците, Србите и Русите можат да патуваат кон САД

Дачиќ: Србија испрати протестна нота на ЕУ поради преставувањето на Никола Тесла за Хрват

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот: Досега се заразиле вкупно 24.184,434 лица

Stefanija Kuzmanovska

Трамп со предупредување до Хамнеи: Внимавај што зборуваш!