Регион СВЕТ

Нови судири меѓу полицијата и мигрантите на грчко-турската граница

Полицијата на грчката граница со Турција употреби солзавец и водени топови во средата навечер за да одврати стотици мигранти од турската страна, кои се обиделе да ја срушат граничната ограда и да влезат во Грција.

Судирите се случиле во близина на граничниот премин Кастаниес, пренесува Бета.

Грчката полиција соопшти дека солзавец исто така бил испукан од турските власти, но насочен кон грчките сили. Мигрантите подоцна започнале пожар на турската страна на оградата.

Слични судири се случиле вчера наутро и траеле скоро два часа.

Турција ги затвори премините со Грција

Околу 2.000 мигранти биле донесени на турската страна од границата во последните недели, откако Турција ја прогласи својата граница кон Европа за отворена и им дозволи на мигрантите и бегалците што живеат во Турција да се обидат да преминат во Грција.

Десетици илјади луѓе се упатиле кон границата и покрај инсистирањето на Грција дека нејзината источна граница со Турција, која е и надворешна граница на Европската унија, ќе остане затворена.

Овој потег следи по неколкумесечните закани на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе им овозможи на милиони бегалци да влезат во Европа освен ако ЕУ не обезбеди поголема поддршка за Турција.

Унијата вели дека се држи до договорот од 2016 година со Турција, според кој таа дава милијарди евра во замена за Турција да се погрижи за повеќе од 3,5 милиони бегалци од соседна Сирија.

Турција во средата соопшти дека ги затвора своите шест копнени и поморски гранични премини со Грција и Бугарија во обид да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Поврзани вести

Лукашенко: Вирусот ги напаѓа само оние што вчера пиеле, а денес пушат

„Газета“: Тачи за адвокат ангажираше поранешен соработник на Буш

Влатко Зорба

Владата на Косово издвои 500 илјади евра помош за Албанија

Роберт Редфорд: Време е Трамп да си замине, заедно со оние во Конгресот кои ја избраа партиската лојалност пред заклетвата

Вучиќ: Србија треба да излезе од сенката на големите, кога не можат да ги обвинат Макрон или Курц, велат ајде да го згазиме Вучиќ (видео)

Уапсени 337 лица: Затворена најголемата интернет страница за детска порнографија

user4