Регион СВЕТ

Новинар! Новинар! Српски репортер сними како јаде ќотек од полицијата (ВИДЕО)

Новинар на српскиот порталот Нова, Марко Радоњиќ, кој синоќа известуваше за протестот во Булевар Краљ Александар кај Правниот факултет во Белград, беше претепан од полицијата, што тој успеа да го сними. По полноќ, тој бил вербално нападнат со закани за апсење.

Синоќа, Булеварот крал Александар беше сцената на најголемите судири меѓу припадниците на специјалните единици на Србија и демонстрантите кои веќе втора вечер протестираат во Белград, незадоволни од повторното појавување на епидемијата и предлогот за воведување полициски час.
Радоњиќ известуваше за конфликтот, кој ескалираше со фрлање голема количина солзавец, од едната страна и камења на демонстрантите од другата страна, кога член на жандармеријата започна брутално да го удира со пендрак.

Иако Радоњиќ упорно кажува на полицијата дека е новинар и дека е на должност, член на жандармеријата не обрнувал внимание, па продолжил да го тепа.

Поврзани вести

Ангела Меркел и индискиот премиер Нарендра Моди денеска разговараа за климатски промени и трговија

Влатко Зорба

Голем пад на цената на нафтата

САД: Повеќе од 12.000 смртни случаи, над 400 илјади заразени од Ковид-19

Зрачење со ултравиолетова светлина уништува повеќе од 99,9 проценти од вирусите

Новиот коронавирус однесе уште 85 животи во Иран, најмногу во еден ден

Италија заплени 400.000 маски незаконски увезени од Кина

Stefanija Kuzmanovska