Вести СВЕТ

Новиот корона вирус во Кина се пренесува од лице на лице

Кинеската национална здравствена комисија денеска потврди дека новиот корона вирус, кој предизвикува воспаление на белите дробови, се пренесува од лице на лице, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Според Комисијата, меѓу заразените има и медицински персонал.

Џонг Наншан, експерт за респираторни болести и шеф на тимот на здравствената комисија кој ја истражува епидемијата, потврди дека два случаја на зараза во кинеската провинција Гуангдонг настанале поради контант од човек на човек.

Кинеските власти денеска соопштија дека е регистриран трет смртен случај и 139 нови заразени и потврдија дека вирусот се проширил и во Пекинг.

– Со ова бројот на регистрираните случаи на болеста достигна 201, а 170 пациенти се уште се во болница. Деветмина се во критична состојба, соопштија здравствените власти во градот Вухан, Централна Кина.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека Пекинг ќе го спречи ширењето на епидемијата предизвикана од коронавирусот.

– Животот и здравјето на луѓето треба да бидат приоритет и ширењето на епидемијата треба одлучно да се сузбие, изјави Си.

Случаи на болеста поврзани со новиот корона вирус веќе се регистрирани и надвор од Кина – два на Тајланд и еден во Јапонија. Сите заболени се по потекло од Вухан или неодамна го посетиле градот.

И Јужна Кореја соопшти дека е регистриран првиот случај на болеста во земјата. Тој е откриен кај Кинеска која пристигнала од Вухан.

Новиот вирус спаѓа во истиот тип корона вируси кои предизвикуваат тежок акутен респираторен синдром како САРС.

Во глобалната епидемија на оваа болест во 2002 и 2003 година починаа речиси 800 луѓе.

Новата епидемија се појави кусо време пред празниците за кинеската Нова година, кога стотици милиони Кинези патуваат за ги посетат своите роднини.

Поврзани вести

Трамп: Германија му должи на НАТО трилион долари

Влатко Зорба

Ублажување на мерките: Германија отвора дел од продавниците, училиштата ќе работат од 4 мај

Асанж ќе се соочи со американски владини претставници пред лондонски суд

Расистички испад во Њујорк: Жена снимена додека ѕвонела во полиција затоа што ѝ пришол Афроамериканец

Stefanija Kuzmanovska

Во Албанија е регистрирана првата жртва од свински грип

СЗО: Затворањето на градовите во Италија доведува до стабилизација