Вести СВЕТ

ОАЕ имаат најуспешна терапија за корона: Ниту еден пациент не пријавил штетни дејства (ФОТО)

Министерството за економија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го одобри патентот за развој на иновативен и потенцијално ефикасен третман за инфекција со вируси „Ковид – 19“ со употреба на матични клетки.

Третманот го разви тим на лекари и истражувачи од центарот за матични клетки во Абу
Даби (АДЦЦЦ) и вклучува земање матични клетки од крвта на пациентот и потоа повторно внесување на истите по нивното активирање. Патентот беше одобрен за развој на овој иновативен метод, кој подразбира собирање на матични клетки.

Третманот досега се применува на 73 пациенти заразени со Ковид – 19 во Обединетите Арапски Емирати. Овие пациенти сите биле успешно третирани и излекувани од вирусот користејќи ја оваа подготовка во форма на спреј, со вдишување директно во белите дробови. Се претпоставува дека неговиот терапевтски ефект ги обновува белите дробови и со измена на имуниот одговор спречува претерана реакција на инфекција Ковид-19 која инаку предизвикува натамошно оштетување на здравите клетки.

Третманот успешно ја помина почетната фаза на клиничките испитувања и ја покажа нејзината ефикасност. Ниту еден пациент кој ја примил оваа терапија не пријавил несакани ефекти и не е регистрирана интеракција со конвенционални протоколи за третман на пациенти заразени со Ковид – 19. Испитувањата кои докажуваат ефикасност на третманот се во тек и се очекува да бидат завршени за неколку недели. Вреди да се напомене дека третманот е применет на пациенти заедно со конвенционална медицинска терапија и ќе продолжи да се користи како додаток на воспоставените протоколи за третман отколку како замена.

Овој третман е во прилог на многуте методи на лекување на пациенти со Ковид-19 и претставува извонреден напор и посветеност на владата на Обединетите Арапски Емирати за успешно завршување на пандемијата „Ковид-19“.

Не-фармаколошките интервенции за да се спречи ширењето на Ковид-19, како што се останување дома, социјално растојание и мерки за спречување на инфекција, остануваат неопходни за да се намали товарот на болести врз здравствениот систем.
Центарот за матични клетки во Абу Даби (ADSCC) е специјализиран здравствен центар кој се фокусира на терапија со клетки, регенеративна медицина и најсовремени истражувања на матични клетки.

Поврзани вести

Кремљ систематски ќе им мери температура на учесниците на собири на кои е присутен Путин

Трицифрен број на нови жртви во Франција

Влатко Зорба

Нови 39 заразени од коронавирусот на крузерот „Дајмонд Принцес“

Никола Поповски

Повеќе од 70 лица во Њу Делхи се ставени во карантин, откако доставувач на пици бил позитивен на Ковид-19

Инцидент со грчкиот шеф на дипломатијата: Турција држела грчки владин авион во воздух 20 минути

Никола Поповски

Шпанската Влада врши притисок врз опозициските партии да одобрат уште едно продолжување на вонредната состојбa