Регион СВЕТ

Обвинение против косовскиот претседател: Дали Тачи ќе одговара и за „жолтата куќа“ во Албанија?

Случајот „жолта куќа“ најверојатно нема да биде вклучен во обвинителниот акт против Тачи, туку ќе бидат само злосторствата против Албанците пред војната, бидејќи приказната за обвинението се заснова на американската политика која се обидува да го дисциплинира лидерот на косовските Албанци на овој начин, тврдат српски експерти.

Обвиненијата на Специјалниот суд на Косово против косовскиот претседател Хашим Тачи и еден од највлијателните политичари, Кадри Весели, сè уште не се валидни, тоа е само предлог кој нема правна сила, изјавил адвокатот со широко искуство во работата со Трибуналот за воени злосторства, Тома Фила.

„Се смета дека Тачи, убил повеќе свои луѓе отколку Срби. Тие прво ги убиваа своите, чистењето беше направено на сите оние кои соработуваа со Србите, кои беа во владата, кои не сакаа да платат. Ова не е ништо ново. Тие убиваа претежно Албанци, па после тоа Срби и Роми“, вели Фила.

Фила исто така смета дека случајот „жолта куќа“ нема да се најде во обвинителниот акт против Тачи. Тој верува дека политиката стои зад целата приказна, дека Америка се обидува на овој начин да го дисциплинира лидерот на косовските Албанци, кој, како што вели, веќе не ги слуша доволно.

Адвокатот Бранислав Тапушковиќ смета дека Тачи, најверојатно, ќе биде обвинет за најсериозни воени злосторства, од тортура до стотици убиства. Тој смета дека случајот може да има посебна тежина ако, покрај злоделата против Албанците и Србите, обвинението содржи и пријави за прогонство.

„Веројатно малкумина Срби ќе бидат во обвинението, запомнете што ви реков, иако сè уште не се знае ништо дефинитивно за содржината на обвинението. Тие сè уште не кажале ништо за клучните работи, но се споменува и прогонство. И тоа е можеби најинтересно, најголемиот прогон по операцијата „Олуја“ беше она што се случи откако влегоа меѓународните сили, откако беа протерани повеќе од 200.000 Срби. Во моментот дури и тоа не се знае. Ова е само игра за овие работи што треба да се случат во Брисел и Вашингтон. Ова ќе послужи за да се спречи Тачи да замине таму, а сега ни Хоти нема да оди. Ова се само политички игри. Брзо ќе биде заборавено ова обвинение“, тврди Тапушковиќ.

Во озогласената „жолта куќа“во Албанија, главни екзекутори биле припадниците на УЧК кои ги убивале затворениците за нивните органи да ги продаваат на богати клиенти во Европа.

-Започна првиот рез, отприлика над гркланот на предната страна на градниот кош. „Лекарите“ говореа-гледајте да биде прецизно.Затвореникот почна да вришти кога почнаа да го сечат. Тоа никогаш нема да го заборавам.Ова често го сонувам“, раскажал еден од затворениците.

Како главни организатори на нелегалната болница се посочуваа токму сегашните први луѓе на Косово, Весели и Тачи како поранешни припадници на УЧК.

Поврзани вести

Српски пулмолог: Вирусот е вештачки, вакцината на Бил Гејтс е лоша

СЗО: Лоша е идејата сите рестрикции да се укинат истовремено

Само 10 земји немаат случаи на Ковид-19: Дали се вистински добитници во оваа глобална криза?

Никола Поповски

Ким повеќе од две недели не се појавува во јавност: Отсуство заради страв од коронавирус?

Вучиќ реши да не оди во приватна посета на Црна Гора на Бадник

Maja_Serafimova

Османи: Главна задача на новата Влада ќе биде договорот со Србија да биде прифатлив за Косово

user4