Вести СВЕТ

Од 4 мај Италија ќе почне со враќање во нормалниот живот

Враќањето кон нормалниот живот во Италија е предвидено за 4 мај, кое сè уште не е сигурно, но подготовките се забрзани и детални. Надежта на лицето на оние што треба да продолжат или да започнат нов начин на својата активност во животот на кое било место во Италија по два месеци затворени врати, толку многу е евидентна и покрај тоа што се сведува на она што се нарекува намалено и различно.

Дали ќе влегуваме во рестораните кога ќе се отворат, само со потпис на сертификат со кој се гарантира дека не сме позитивни за коронавирусот, дали ќе имаме одредена должина за времетраењето на ручекот или вечера, за да можат да влезат и други гости или претходно преку телефон ќе треба да резервираме за одредено време.

Во Италија, рестораните обично биле затворени после ручек, околу 15 часот и се отворале во вечерните часови, но сега сугестијата е да не се ограничува ова време и да бидат отворени седум дена во неделата.

Сè ќе биде различно, од логистика до почитување на безбедносни мерки до она што се нарекува љубезно однесување, на италијански „галатео“ или француски бон-тон. Италијанците се луѓе кои се навикнати да се забавуваат, да излегуваат, да се дружат. Ќе се врати и тоа, но без вообичаеното „baci e abbracci“, бакнежи и прегратки.  Дружбите ќе бидат со маски на лицето, се до појавувањето на вакцината.

Дописник за порталот „Novosti“ од Рим

Поврзани вести

Првата рунда на јавни расправи во рамките на истрагата за отповикување на Трамп почнува утре

Влатко Зорба

Во Бугарија почна изградбата на гасоводот „Турски тек“ кон Србија

Maja_Serafimova

Трамп на Твитер: Барам итен процес во Сенатот!

Франција: Рекорден број на новозаразени од укинување на мерките

Влатко Зорба

Последиците од катастрофалниот земјотрес во Албанија снимани од дрон (ВИДЕО)

Коронавирус во Италија: Ставени во служба студентите од завршната година на медицина

Stefanija Kuzmanovska