ЕУ СВЕТ

Од јуни во Белгија и Германија ќе започнат првите клинички тестови за вакцината против Ковид-19

Германската лабораторија КјурВак од јуни ќе ги започне првите клинички испитувања за вакцината против новиот коронавирус во Германија и во Белгија, најави претседателот на надзорниот совет на компанијата, Жан Стефен.

Компанијата КјурВак соопшти дека најрано во јуни, најдоцна во јули, ќе ги тестира првите вакцини врз полнолетни и здрави лица кои не биле изложени на вирусот, потоа вакцината ќе биде инјектирана на веќе изложени лица, и конечно на највозрасните луѓе во населението, кои се и најризичната група.

-Целта е да се испита кој вид на антитела ќе бидат предизвикани од вакцината и да се разбере кој е имунолошкиот одговор кај луѓе што биле природно заразени, изјави Стефен.

Тестовите ќе се вршат врз две до три илјади лица во Белгија и Германија.

КјурВак информира дека има уште две до три потенцијални вакцини во случај оваа да не се покаже ефикасна. 

Поврзани вести

Борел: Европејците ќе ги решат односите меѓу Србија и Косово

Влатко Зорба

САД со нови обвинувања кон Кина: Пријавија појава на коронавирус дури кога насобрале потребна заштитна опрема

Stefanija Kuzmanovska

Почина јапонскиот педијатар Кавасаки, кој откри ретка детска болест

Бројот на заразени во Европа надмина 500.000, повеќе од половина од вкупниот свет

Stefanija Kuzmanovska

Трамп со месеци наназад ги игнорирал предупредувањата на ЦИА за заканата од пандемија

Јанша: Ќе му честитам на Бајден кога Трамп ќе го признае поразот и ќе бидат објавени официјалните резултати

Никола Поповски