Вести СВЕТ

Од карантин пуштени 181 лице во Франција

Првата група француски државјани, евакуирани од кинескиот град Вухан, се ослободени денес од карантин, по две недели.

Ниту едно од 181 лице не било позитивно на вирусот, соопштија официјалните лица.

„Немаше никакви проблеми и луѓето се среќни затоа што заврши“, рече директорот на Црвениот крст, Марк Зилтман.

Патниците по евакуацијата од Вухан, беа ставени во карантин во одморалиштето Кари ле Ру, на Азурниот брег.

Друга група, од 157, која се наоѓа на југот на Франција, сè уште е во карантин, од кои 122 ќе бидат ослободени на 16 февруари, а останатите на 23-ти.

Во Франција се пријавени 11 случаи на коронавирусот.

Поврзани вести

Бени Ганц го врати мандатот за формирање нова израелска влада

Кери Лам ги повика демонстрантите да се предадат доколку сакаат мирно решение

Влатко Зорба

Едно лице е убиено, а неколку се повредени во судири во Ла Паз

Косово: Три жени се обвинети за членување во Исламска држава

Никола Поповски

Лукашенко најави кандидатура за претседателските избори 2020

Влатко Зорба

Албански државјанин го застрелал црногорскиот полицаец во Игало