Регион СВЕТ

Од коронавирус почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија

Денеска почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ кој беше позитивен на коронавирусот.

„Бранислав почина ова попладне во Белград. Искажувам сочувство на семејството и пријателите. Во солзи сум. Тој беше прекрасен човек. Тој целиот свој живот го посвети на заштитата на животната средина. Министерството и Владата ќе се погрижат децата и семејството да бидат згрижени”, потврди министерот за животна средина Горан Триван за српски Курир.

Пред пет дена Блажиќ беше ставен на респиратор на Клиниката за инфективни болести во Белград.

За жал, тој ја загуби битката за живот.

Блажиќ е од Кикинда, град кој е едно од жариштата на епидемијата на коронавирусот во Србија, но со години живее и работи во Белград. Тој е еден од основачите на Српската напредна партија и член на претседателството на СНС.

Поврзани вести

Тадиќ: Потписот во Вашингтон имплицитно признавање на Косово

Влатко Зорба

Азербејџан: Загинаа 2.783 војници во конфликтот во Нагорно Карабах

Stefanija Kuzmanovska

Ѓукановиќ: СПЦ е инструмент на великосрпскиот национализам и руските интереси

Влатко Зорба

Уште 15 заразени во Црна Гора, вкупно 115 активни случаи

Влатко Зорба

Путин: На Русија ѝ се заканува втор бран на коронавирусот во есен

Stefanija Kuzmanovska

Најсмртоносен ден за Њујорк: Само вчера 731 починати