Вести СВЕТ

Од коронавирус починаа 2004 лица, бројот на нови заразени се намалува

Бројот на нови заразени од коронарен вирус во Кина, втор ден по ред е помалку од 2000 на ден. што навестува дека епидемијата е ставена под контрола, но експертите предупредуваат дека ова би можело да се промени бидејќи државните органи одлучуваат дека луѓето постепено ќе се враќаат на своите работни места, после принудните одмори.

Во вторникот, во Кина се регистрирани 1.749 нови пациенти и 136 смртни случаи. Од почетокот на епидемијата, во Кина се пријавени 74.185 лица, а 2.004 починале.

Експертите очекуваат дека трендот на намалување на новите случаи може да продолжи, бидејќи во Вухан, контролите „од врата до врата“ завршуваат денес.

Изминатиов месец медицинските работници извршија рација во секој стан и секоја куќа во Вухан за да пронајдат и изолираат секој, за кој се сомневаат дека е заразен.

“Работата требаше да се стори многу сериозно, бидејќи ништо не е поважно од човечките животи. Ако од четврток, биде пронајден барем еден нов пациент, одговорноста за тоа ќе ја сносат началниците на градските области”, изјави Ванг Жонглин, новоназначениот партиски секретар во Вухан, а пренесе АП.

Поврзани вести

Путин: Расте извозот на руско вооружување и воена опрема

Целиот свет се бори против коронавирусот: Прогласен карантин или засилени гранични контроли

СЗО: Луѓето кои се сомневаат дека се заразиле со новиот коронавирус не треба да земаат Ибупрофен

СБ на ОН денеска по вторпат ќе расправа за турската акција во Сирија

Влатко Зорба

Најмалку две лица загинаа, а 175 се повредени за време на протестите

user4

Вучиќ: Забрана на јавни собири со повеќе од сто лица во затворен простор