Вести СВЕТ

Од три милиони заразени со коронавирус, се опоравиле 879.000 луѓе, во Швајцарија ублажување на мерките

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.003.229 лица. Од нив починале 207.094, а оздравеле 882.552 луѓе.

– Во Кина во последните 24 часа потврдени се три нови случаи на Ковид-19 , што е за 11 помалку во споредба со вчера, а не е пријавени ниту еден смртен случај. Во Кина досега евидентирани се вкупно 82.830 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои починаа 4.633 лица.

– Во Германија потврдени се 1.018 новозаразени лица со Ковид-19, со што бројот на инфицирани луѓе се искачи на 155.193. Додека вкупниот број на починати е зголемен за 110 и изнесува 5.750 луѓе.

– Швајцарија најави ублажување на мерките воведени поради пандемијата со Ковид-19 во три фази, денеска се отвораат фризерските и козметичките салони, цвеќарите, приватните лекарски и физотерапевтски ординации. Во втората фаза што почнува на 11 мај ќе бидат отворени продавниците и училиштата, а од 8 јуни ќе бидат отворени музеите, зоолошките градини, библиотеките и универзитетите. Во земајта со Ковид-19 се заразиле 29,061, од кои 1,610 починале, а оздравеле 21,800.Jапонија забрани влез на патници од уште 14 земји, меѓу кои Русија, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати, со цел да го спречи ширењето на новиот коронавирус.

– Во Јапонија регистрирани се 13.441 инфицирани, од кои 372 починале, а оздравеле 1.809 лица.

Поврзани вести

Едно лице загина, а повеќе од 60 се повредени на протестите во Ирак

user4

На денешните протести во Хонг Конг, полицијата употреби солзавец врз демонстрантите

Maja_Serafimova

До крајот на јуни, заради пандемијата од коронавирусот се откажани повеќе од два милиона летови

Додик го блокираше одлучувањето на Претседателството на БиХ

Никола Поповски

Српска Влада: Кризниот штаб препорача отворање на граници и со РСМ од 1 јуни

Прв кинески носач на авиони од домашно производство наречен „Шандонг“