Регион СВЕТ

Одложен самитот ЕУ-Западен Балкан заради пандемијата на коронавирус

Хрватското претседателство на Советот на Европската унија донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и Самитот ЕУ-Западен Балкан, за да се ограничи ширењето на пандемијата Ковид-19.

Самитот ЕУ-Западен Балкан беше предвидено да се одржи во Загреб на 7 мај.

Според соопштението објавено на веб-страната на Претседателството, во договор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе се обиде да се најде нов термин за одржување на Самитот ЕУ-Западен Балкан во јуни, доколку ситуацијата со корона кризата тоа го дозволи.

„Алтернативно, во неможност да се одржи физички состанок, ќе се предложи состанокот да се одржи со помош на видео врска (до крајот на хрватското претседателство)“, се вели во соопштението.

Поврзани вести

Почнува судењето за соборувањето на малезискиот авион над Украина

Романските власти препорачаа флексибилно работно време за родители кои немаат кој да им ги чува децата

По договорот за одложување на изборите во Србија, различни реакции од власта и опозицијата

Maja_Serafimova

Парламентот во Британија ќе се изјаснува за предлогот на Џонсон за вонредни избори

Maja_Serafimova

Во БиХ престојуваат од 6.500 до 7.000 мигранти

Ивана Рамаданова

Спасувачките тимови во потрага по преживеани