Вести СВЕТ

Опрема што спасува животи: Од маски за нуркање направиле медицински вентилатори

Лекарите во Италија вложиле натчовечка сила во изминатите недели за да им помогнат на голем број на луѓе заразени со коронавирус. Тие користеле респиратори за лекување на најтешките случаи, што не биле доволни заради пандемијата, додека набавката на нови е многу тешка поради големата побарувачка во светот.

Сепак, во тешки времиња човек мора да размислува брзо бидејќи секоја минута значи еден живот спасен. За да им помогнат на што поголем број пациенти, докторите дошле со идеја да ја претворат нуркачката маска во медицински вентилатор, пишува српска „Политика“.

Повеќе пати, медиумите објавувиле дека на лекарите во северна Италија им било кажано дека на пациентите под 60 години им била дадена предност да бидат лекувани со респиратори и вентилатори затоа што имаат поверојатни шанси да преживеат, што значи дека постарите пациенти имаат значително помала шанса за закрепнување. Сепак, за да спасат што е можно повеќе луѓе, медицинските лица почнале да користат маски за нуркање, кои со додавање на специјален вентил што ги направи 3D печатење, ги претвориле во медицински вентилатори. Италијанците дошле први до оваа идеја, а нивниот изум го копираат лекарите низ цела Европа за да можат пациентите да добијат свеж воздух без пречки, со што се спречува белите дробови да престанат да работат, пренесува „Сан“.

Болницата „Еразме“ во Брисел контактирала со инженери кои им помогнале да направат вентил за маска на вентилаторот.

Фредерик Боние, респираторен психотерапевт во болницата, вели дека новите маски се користат за пациенти кои имаат повеќе респираторни проблеми. Тој објасни дека нивната цел е да избегнуваат интубирање на пациенти затоа што е многу подобро за нив да бидат приклучени на вентилатор.

Боние помогнал во дизајнирањето на вентилот што ја поврзува нуркачката маска со машина што пумпа кислород во белите дробови на пациент, кој има потешкотии при дишењето поради тешка пневмонија предизвикана од вирусот.

Кислородот помага да се спречат белите дробови да престанат да работат, бидејќи го регулираат вдишувањето и издишувањето, како и ослободувањето на јаглерод диоксид.

Многу познати компании за производство и маркетинг на спортска опрема придонеле во лекувањето од коронавирусот со донирање на маски кои се претворени во вентилатор.

Поврзани вести

Откриено е жариштето на коронавирусот во Европа, властите молчеле за да не загубат од профитот

Александар Петровски

Трамп: Победата на Бајден ќе доведе до најголема депресија во историјата на земјата

Влатко Зорба

Бразил се искачи на третото место во светот во однос на бројот на заразени со новиот коронавирус

Курц и Коглер речиси постигнаа договор за формирање коалициска влада

Бериша: Опозицијата ќе се крене посилно отколку пред изборите

Maja_Serafimova

Две експлозии во пошти во Холандија

Никола Поповски