Вести СВЕТ

Општествено-корисна работа во болниците, за сите што ги кршат мерките за самоизолација во Франција

Сите тие кои во Франција ги кршат мерките за изолација поради коронавирусот, наместо да плаќаат казни и да одат во затвор, ќе бидат испратени на „општествено- корисна работа“ во болниците кога ќе заврши епидемијата, побарал генералниот јавен обвинител Реми Хеиц.

Хеиц, кој исто така е национален јавен обвинител за борба против тероризмот, рече дека ваквите „искусни казни“ би биле многу поучни и корисни, особено за младите кои ја нарушуваат изолацијата.

Сите тие што ги прекршиле мерките се соочуваат со казна до 3.750 евра или затвор до шест месеци во случај ако судската мерка ја прекршат уште еднаш, пренесува Бета.

Почитување на мерките

Овој висок владин службеник за радио-станицата „Francais“ изјави дека е задоволен во исто време што огромното мнозинство граѓани ја почитувале „социјалната дистанца“ и ограничувањата на движење заради епидемијата на коронавирус.

Сепак, тој го забележа и фактот дека за време на двонеделната широка забрана за движење и изолација, француската полиција извршила проверки на повеќе од 300.000 лица и изрекла 25.000 казни.

Обвинителот за областа во Париз го сметаше за поволен факт тоа што секоја десетта проверка резултирала со утврдување дека поединците не ги почитуваат ограничувањата за движење.

Реми Хеиц исто така рече дека полицијата открила и спречила петнаесет мали случаи на продажба на маски на црно.

Поврзани вести

Денес Квантас тргнува на најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј

Maja_Serafimova

Трамп наскоро со список со предлози за реформа во полицијата

Русија ја надмина Кина по број на заразени од коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Само два нови случаи во изминатата недела: Оваа европска земја е блиску до елиминација на Ковид-19

Црногорската полиција нема повеќе да ги обезбедува литиите

Никола Поповски

Повеќе од 8,5 милиони луѓе се заразени со коронавирус, над 455 илјади починаа

Влатко Зорба