ЕУ СВЕТ

Орбан повикан на расправа во Европскиот парламент: Дали со вонредната состојва ги прекршил основните човекови права и слободи?

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, доби покана да дојде во Европскиот Парламент, да разговара за вонредната состојба што ја воведе во својата земја заради епидемијата на новиот коронавирус и влијанието на овие мерки врз основните права и слободи.

Европскиот совет и Европската комисија треба да претстават декларација по ова прашање во четврток, по што ќе се одржи дебата на пленарната сесија на ЕП, рече претседателот во ЕП, Дејвид Сасоли, во писмото до Орбан.

Унгарскиот Парламент кон крајот на март  донесе закон што на премиерот Орбан  му дозволува да владее со декрети се додека не се донесе нова одлука, како дел од вонредната состојба прогласена во борбата против коронавирусот. Овие овластувања предизвикаа загриженост кај претседателот на Европската комисија, Урсула фон де Лајен.

„Брисел стаклено ѕвоно“

Орбан, чија земја редовно се критикува за кршење на владеењето на правото, е позната и по неговите изјави против ЕУ.

Сасоли изјавил дека, според правилата на ЕП, дискусиите од таков вид бараат учество на претседателот на државата или владата на земјата, за која се расправа.

Претседателот на ЕП додал дека, и покрај пандемијата, учеството не може да биде на далечина, затоа што така било решено на конференцијата на претседатели на различни парламентарни групи.

На почетокот на април, Орбан изјави дека за ЕУ, која ја нарече „стаклено ѕвоно на Брисел“, е подобро е да се справи со борбата против коронавирусот отколку да се справува со Унгарија, по критиките на неговите овластувања за време на вонредната состојба.

Поврзани вести

СЗО: Континентот Африка може да биде нов фронт против пандемијата

Полицијата објави детали за страшната несреќа: Излетал од патот, влетал во куќа и починал (фото)

Никола Поповски

Макрон најави заострување на казните за слики со детска порнографија

Влатко Зорба

Ајатолахот Али Хаменеи ја поддржа одлуката за зголемување на цената на горивата

СЗО: На секои 17 секунди едно лице во Европа умира од корона

Stefanija Kuzmanovska

Силно невреме на југот од САД, шест жртви во Мисисипи (ВИДЕО)