СВЕТ

Осумнаесет години од американската инвазија врз Авганистан

На 7 октомври 2001 година САД првпат ги нападнаа талибанците во Авганистан поради нивното одбивање да го испорачаат Осама бин Ладен, „мозокот“ на терористичките напади на 11 септември во САД, при што загинаа 3.000 луѓе.

САД интервенираа во Авганистан во 2001 година во обид да ја уништат екстремистичката група Ал Каеда, одговорна за нападите од 11 септември и за да ги соборат талибанците од власт во Кабул.

Неколку недели по нападот соборен е фундаменталистичкиот талибански режим во Авганистан, но судирот продолжи и се продлабочи и трае 18 години, што е најдолга војна во американската историја.

Според Обединети нации во периодот од 2015 до 2018 година убиени или повредени се 14.000 деца.

Додека според податоците на УНИЦЕФ бројот на напади врз училишта е двојно зголемен во споредба со 2017 година. Кон крајот на минатата година повеќе од илјада авганистански училишта беа затворени поради судирите.

САД и талибанците од минатата година преговараа за ставање крај на судирите, но на почетокот од минатиот месец американскиот претседател Доналд Трамп ги прекина по смртоносните напади од страна на талибанците.

Во Авганистан во моментот се распоредени од 13.000 до 14.000 американски војници. Во екот на најголемите борби во 2011 година американскиот контингент броеше 98.000 војници. Со договорот требаше да се постигне поголемо или помало повлекување на американските војници, а талибанците требаше да се обврзат дека на териториите под нивна контрола нема да дејствува Ал Каеда и други терористички групи.

Поврзани вести

Ќе може да се патува во Грција за летните одмори: Се воведуваат посебни мерки

Никола Поповски

Меѓу евакуираните Американци од бродот во Јапонија, 14 имаат коронавирус

Австралискиот Парламент им оддаде почит на жртвите на пожарите

Пиво, ќотек од српската полиција, па повторно на клупа (ВИДЕО)

Александар Петровски

Русија и Белорусија се загрижени поради зголемената активност на НАТО во близина на границите на двете земји

Владата во Пекинг забрани американска опрема во државните институции