Вести СВЕТ

Откриен суперносителот: Како коронавирусот стигна до Европа? (видео)

Британецот, за кој се верува дека е суперносител на коронавирусот е идентификуван како извесен Стив Волш.

Според Скај, лекарите го откриле вирусот кај 53-годишниот на 6 февруари, а тој, наводно се заразил додека бил на службено патување во Сингапур пред да замине на скијање на Алпите во Франција. Потоа се вратил во Велика Британија.

Се проценува дека од него се заразени други 11 Британци.

– Би сакал да им се заблагодарам на надлежните за нивната помош и грижа. Иако целосно се опоравив, мислите ми се кај луѓето кои се заразени со коронавирус. Веднаш откако дознав дека сум изложен на оваа инфекција, контактирав со властите во Англија. Тие препорачаа да бидам во изолирана просторија во болницата, иако не покажав никакви симптоми и решија да бидам во карантин во својата куќа – рече Волш.

– Кога беше потврдено дека имам вирус, бев ставен во изолација во болницата, а заради превенција, моето семејство беше ставено во карантин и мораше да остане изолирано – додаде тој и им се заблагодари на колегите, пријателите и семејството за нивната поддршка во текот на овие недели.

Тој ги повика медиумите да ја почитуваат приватноста на неговото семејство.

Поврзани вести

Пленковиќ ја прифатил оставката на министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ

Едно 13-годишно девојче е убиено, а двајца тинејџери се повредени во пукање во Северна Каролина

Почина премиерот на Брегот на Слоновата Коска, му се слошило на седница на Влада

Јужна Кореја регистрира уште 169 заразени лица од новиот коронавирус и 11 смртни случаи

По францускиот премиер и министерот за финансии е позитивен на коронавирус

Никола Поповски

Баша: Продолжувањето на вонредната состојба е во служба на политичката агенда на Еди Рама