Вести СВЕТ

Ова е убиецот заради кого почнаа масовните протести во Хонг Конг: Денес го пуштија на слобода (ВИДЕО)

Чан Тонг Каи (20), младото момче заради кого практично почнаа протестите во Хонг Конг е пуштен на слобода.

Имено, тој е обвинет за убиство на трудната девојка на Тајван минатата година по што побегнал во Хонг Конг. Во меѓувреме затворен е заради перење пари затоа што ги украл парите од картичката на својата девојка, а за убиство допрва ќе му се суди.

Неговиот случај доведе до планови за промена на Законот за екстрадиција, по што почнаа протестите.

Чан е ослободен по 19 месеци затвор и се извинил на семејството на жртвата, додавајќи дека сакал да се предаде на Тајван.

Властите во Хонг Конг наведоа дека Чан е слободен да се предаде на Тајван, но го одбиле предлогот на нивните власти да испратат полиција која би го испратила до таа држава.

Предложениот спорен Закон за екстрадиција би му овозможил на Хонг Конг да ги испраќа осомничените на места со кои нема спогодба за екстрадиција, вклучувајќи ја и Кина, Тајван и Макао, а се очекува денес да биде повлечен.

 

Поврзани вести

Според 61 отсто од Американците, Трамп не бил подготвен за здравствената криза

ОН: Најмалку 254 загинати во антивладините протести во Ирак

Viktor Jovanov

Ли Кечијанг: Редот мора да се врати во Хонг Конг

Влатко Зорба

Колинда Грабар-Китаровиќ денеска ќе ја претстави програмата за втор претседателски мандат

Во Загреб почина девојчето кое беше повредено во земјотресот

Анкета: Бугарите имаат најпозитивно мислење за Макрон и Папата, најмалку ги сакаат Ердоган и Трамп

Никола Поповски