Вести СВЕТ

Паника во Англија поради пожар во фабрика: Издадено предупредување за можни токсични материи во воздухот (видео)

Голем пожар во фабрика за пластика недалеку од Бирмингем предизвика паника во Англија.

Густ црн чад може да се види на милји од местото на пожарот, а противпожарните служби издадоа предупредување за можни токсини во воздухот како резултат на горењето пластика.

Пожарот избувнал во индустриската зона во Бирмингем и 100 пожарникари се борат да го изгаснат.

Како што сведочеле работниците, тие прво слушнале серија мали детонации, најверојатно како резултат на пукање на канистер или резервоари за гориво.

Противпожарната служба издала предупредување за можни токсични материи и го предупредила локалното население околу фабриката да ги држат прозорците затворени.

Поврзани вести

Целта на САД е до крајот на годинава да бидат подготвени 100 милиони дози вакцина против Ковид-19

Високиот шеќер во крвта кај пациенти со Ковид-19 го зголемува ризикот од смрт за 2 пати, дури и ако не се дијабетичари

Влатко Зорба

Непријатно изненадување и во Турција: Најголемо зголемување во бројот на новозаразени

Кои земји имаат најригорозни мерки во борбата со коронавирусот?

Од коронавирус починаа 2004 лица, бројот на нови заразени се намалува

Никола Поповски

Путин: Расте извозот на руско вооружување и воена опрема