Вести СВЕТ

Папата ја прифати оставката на кардиналот Барбарин: Криел информации за педофилија

Папата Фрањо ја прифати оставката на францускиот кардинал Филип Барбарин поради тоа што не ги пријавил обвиненијата за свештеникот и педофил, Бернар Пренау, соопшти надбискупот Рејмс.

Апелациониот суд во Франција ја поништи претходната пресуда во јануари против Брабарин, кој беше прогласен за виновен, пренесува Ројтерс.

Судот претходно го прогласи кардиналот за виновен затоа што тој знаел и не го пријавил случајот за сексуална злоупотреба и на тој начин бил осуден на условна казна од шест месеци.

Поточно, една од жртвите зборувала со кардиналот за свештеникот Бернар Пренау и посочила дека веројатно имало и други жртви, но кардиналот никогаш не ги објавил тие информации.

Веднаш по пресудата, кардиналот му ја понудил оставката на папата Фрањо.

Поврзани вести

Во Италија починаа 145 лица во последните 24 часа – најмалку од 9 март

Палмер: Република Српска мора да разбере дека потезите на српските власти носат ризици и штета на европската перспектива на БиХ

Никола Поповски

Италија заплени 400.000 маски незаконски увезени од Кина

Stefanija Kuzmanovska

За првпат по два века Нотр Дам нема да одржи божиќна полноќна миса

Синдром на хроничен замор можен долгорочен ефект на Ковид-19

Влатко Зорба

Нетанјаху побара да му се одложи почетокот на судењето за корупција