Вести СВЕТ

Пашинјан соопштува за „големи загуби“: Дали Азербејџан е принуден да ги користи последните резерви на бојното поле?

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјавил дека Азербејџан претрпел големи загуби за време на борбите во Нагорно Карабах и дека сега е принуден да ги користи своите последни резерви на бојното поле, пренесува Спутник Ерменија.

„Ситуацијата на фронтот е доста тешка. Борбите продолжуваат низ целиот југ на Арках (Карабах). Тука постои една важна нијанса – нашите согледувања покажуваат дека непријателот ги употребува последните резерви во борбата. Да, противниците имаат големи ресурси. Но, нашите војници-херои им нанеле неверојатно големи загуби на азербејџанските вооружени сили“, рекол Пашинјан.

Зошто Баку го отфрла хуманитарното примирје?

Премиерот исто така изразил мислење дека големите загуби на Азербејџан се една од причините зошто Баку го отфрла хуманитарното примирје и отстранувањето на телата на загинатите од борбената зона. Како што рече, азербејџанските власти не сакаат „повеќе од десет илјади тела на војници да бидат испорачани во земјата“ во сенка на официјалните изјави за успешни дејствија на вооружените сили на земјата.

„Второ, ако телата бидат отстранети од бојното поле, ќе стане јасно дека меѓу загинатите има платеници и турски војници. Светската заедница веќе го разбра тоа, но Азербејџан се обидува да ги скрие очигледните докази“, тврди шефот на ерменската влада.

Покрај тоа, Пашинјан соопштил дека азербејџанските вооружени сили претрпеле големи загуби во воената опрема, која се проценува на 1,5 милијарди долари.

Карабах обвинува: Населбите повторно под оган на Баку

Во исто време, Министерството за надворешни работи на непризнатата република Нагорно Карабах објави дека вооружените сили на Азербејџан пукале во неколку населени места во Карабах.

„Населените места во регионите Мартунин и Мартакерт во Арках повторно беа на удар на 21 октомври. Азербејџанските вооружени сили отворија артилериски оган кон градот Мартуни и селото Гергер, како резултат на што цивилното население претрпе материјална штета“, соопшти Министерството за надворешни работи.

Според дописникот на Спутник, во главниот град на непризнатата република, градот Степанакерт, атмосферата е мирна, а ноќта тивка. Сирената за опасност од воздух не била вклучена, ниту пак имало ново пукање. Тој додал дека на улиците има невообичаено многу автомобили и луѓе.

Борбите на линијата на фронтот во Карабах започнаа на 27 септември. Баку и Ереван се обвинуваат едни со други за избувнувањето на конфликтот. Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација, а во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.

Поврзани вести

Во Романија рекордни 1.356 лица се разболеле од коронавирусот во последните 24 часа

Колку долго се задржува коронавирусот на заштитните маски и останатите површини?

Никола Поповски

Трамп јуниор фатил корона

Влатко Зорба

Путин: Надворешниот притисок кон Белорусија е без преседан

Влатко Зорба

Измама во продавниците: Нелегална трговија со обувки како Најк и Луј Витон, која чини околу 472 милиони американски долари

Maja_Serafimova

По грешка отпуштени 1.694 пациенти од психијатриски болници