Вести СВЕТ

Пациенти со коронавирус лежат на подовите во болниците во Мадрид, собите се преполни (видео)

На социјалните мрежи се појави видео, на кое се прикажани ужасни сцени од шпанските болници на кои се гледаат пациенти со коронавирус кои лежат на подот.

Преполните болници, кашлање и дишење треба да бидат отрезнувачки за многумина кои не ја сфатиле сериозно оваа пандемија, особено за оние кои не ги почитуваат мерките за изолација и прекинувањето на контактот со други.

Видеото, исто така, јасно ги покажува сите маки на медицинскиот персонал што се обидуваат да му помогнат на секој од заразените без оглед на условите. Повеќето пациенти имаат шишиња со кислород, а многумина се приклучени на инфузија. За жал, епидемијата е толку голема што пациентите примаат третман на подот на болницата „Инфанта Леонор“ во шпанската престолнина Мадрид.

Бројот на починати во шпанската престолнина се искачи на 1.263, а бројот на заразени потврдени случаи на 10.575.

Во Шпанија, бројот на заразени лица денес се искачи на 33.089,што ја прави најранливата европска земја по Италија.

Поврзани вести

Американците сакаа да му пресечат пат на руски конвој во Сирија, па се избламираа (ВИДЕО)

Брус Спрингстин за настаните во САД: Америка е проколната заради гревот – ропството

Stefanija Kuzmanovska

Жителите на Вухан излегоа да купат свежи намирници

Реакции од светот за атентатот на иранскиот генерал Сулејмани во Багдад

Maja_Serafimova

Колку милионери има во Црна Гора: Најголемиот депозит на едно физичко лице изнесува 10,6 милиони евра

Дали вториот бран на коронавирусот ќе дојде од североисточна Кина?