Вести СВЕТ

Пентагон предупреди: Морнарицата на САД ќе преземе „законски дозволени одбранбени мерки“ против бродовите во Персискиот Залив

По неодамнешните инциденти и „блиските средби“ меѓу американската и иранската морнарица во водите на Персискиот Залив, Пентагон предупреди синоќа дека морнарицата на САД ќе преземе „законски дозволени одбранбени мерки“ против бродовите во Персискиот Залив, што ќе се приближат се на помалку од 100 метри од воените бродови на САД.

Вообичаена практика е да се преземат такви мерки за да се отстапи од курсот на бродот што се приближува, предупредување со сирената на бродот, истрелување сигнални ракети и на крајот предупредувачки оган, но да се наведе одредено растојание е нов елемент во изјавата на морнарицата на САД, јавија американски медиуми.

Сепак, 100 метри е мало растојание кога се во интеракција огромни бродови, како што се носачи на авиони или разорувачи.

Со години, морнарицата на САД се соочува со брзи, вооружени патролни чамци на Револуционерната гарда на Иран, кои рутински ја преминуваат насоката на пловидба на бродови во Хормутскиот мореуз, тесен премин во Персискиот Залив преку кој минуваат танкери со околу 20 проценти од вкупната нафта од Блискиот исток.

Поврзани вести

Во САД заразени над 200.000 луѓе, 235 милиони луѓе се во изолација

Влатко Зорба

Кои се мистериозните деца на Ким Џонг ун и зошто не можат сега да го наследат на чело на земјата?

Значително намален бројот на жртвите од коронавирус во Италија

Најмногу починати во Турција од коронавирус уште од месец мај

Никола Поповски

Хрватска: Бројот на новозаразени се искачил на 793, починале 10 лица

Никола Поповски

Вучиќ за нападот врз Трифуновиќ: Постои екстремен дел во општеството што не ја гледа својата иднина во политиката, а сака да биде на власт