Регион СВЕТ

Песокот и морето не се опасни за заразување од коронавирус

Оваа година е толку безбедно да се легне на песок, колку што беше лани и преклани, но и пред десет години, вели професорката по морска микробиологија на Универзитет „Ејџиан“, Адамантиа Ефстратиу, додека пак професорката од Катедрата за океанографија и морска бионаука, од истиот Универзитет Рања Ѕораки, истакнува дека дури и на плажа потребно е да се држи неопходното растојание.

Двете професорки за радиото на грчката новинска агенција „Практорио фм“, говорат за Ковид-19 и веројатноста некој да се зарази додека е на плажа или во море.

За пливањето во море, професорката Ефстатиу објаснува дека важи истото она што важи и за било кој друг простор, но додава дека треба да се разгледа случајот што доколку некој е заразен, кашла, а се наоѓа на растојание помало од 1,5 метар. Сепак истакнува дека од „морската вода нема да го закачиме коронавирусот за да се разболиме“

Во однос на плажите објаснува дека поради сонцето и високите температури вирусот, дури и да се наоѓа на песокот не може да преживее.

Професорката Ѕорѕаки потенцира дека е важно сите да се придржуваат кон правилото за држење растојание, па дури и на плажа, а додава дека на организираните плажи со лежалки, за секое лице потребно е да има најмалку пет, а најдобро осум метри квадратни, за да се избегне близок контакт.

Во однос на поставувањето плексиглас меѓу лежалките како можно решение за заштита на плажа, професорката Ѕораки вели дека „тоа е идеја што може дури да биде и опасна“, особено за малите деца кои додека си играат може да се удрат, додека пак професорката Ефстратиу објаснува дека „сите тие планови за чудни конструкции на песок се претерани и немаат никаква врска со јавното здравје“.

Поврзани вести

Азербејџан: Ерменската војска се повлекува од главниот град на Нагорно Карабах

Никола Поповски

Вучиќ и Додик: Какви било разговори за промена на Дејтон значат смртна пресуда за БиХ

Никола Поповски

Фон дер Лајен: Важно е колку е можно појасно да му покажеме на Западен Балкан дека го сакаме на наша страна

Maja_Serafimova

Британски експерт открива дали треба да носиме заштитна маска кога сме надвор

Германија ќе одвои 750 милиони евра во развој на вакцина

Александар Петровски

Починатите од коронавирус во британски домови за нега на стари лица ќе бидат повеќе од оние во болниците