Вести СВЕТ

Петмина загинати заради кавга за пасишта во Ростовската област

Пет лица загинаа за време на престрелка на фарма во Ростовската област, јавија руските медиуми. Во инцидентот се ранети и две други лица.

Според информации од полицијата, конфликтот го предизвикале локални жители, а причината била кавга за пасишта.

Учесниците во иницидентот употребиле ловечко оружје, а како резултат на пукањето пет лица загинале на лице место, додека други двајца со рани биле префрлени во болница.

На местото на инцидентот веќе работи истражно-оперативна група и се утврдуваат околностите заради кои дошло до него.

Поврзани вести

И Националната гарда на САД вклучена во борбата против коронавирусот

Гутереш: Ние сме свесни дека глобалниот глад е во пораст, а невработеноста кај младите е алармантна

Александар Петровски

„Петорката“ нема да учествува во формирањето на нова косовска влада

Никола Поповски

Пуштање во промет вакцина против ебола

user4

Салвини нуди соработка на најголемите партии

По четврти пат за 12 месеци гласање за доверба на бугарската влада