Вести СВЕТ

Пишувал на Фејсбук дека коронавирусот е измама, а потоа починал од истиот вирус

Маж од Охајо, 60, кој тврдел на Фејсбук дека коронавирусот е измама и дека карантинот е „глупост“, починал од коронавирус, пренесува Њујорк пост.

Џон В. Мекданиел бил тестиран на коронавирус на крајот на март и добил позитивен резултат, а починал од коронавирус минатата среда.

Само неколку недели пред да се испостави дека е заразен, Мекданиел на Фејсбук напишал дека коронавирусот е „политичка измама“, а карантинот е „глупост“.

-Дали некој има храброст да каже дека Ковид-19 е политички измама? Прашувам за пријател. Докажете ми го спротивното “, напишал тој.

– Ако, она што го слушам е точно, Девајн (гувернер на Охајо) нареди да се затворат сите барови и ресторани. Јас велам дека тоа е глупост! Тој ги нема тие овластувања. Ако сте параноични околу тоа дали ќе се разболите, не излегувајте. Вие не треба затоа да не спречувате да ги живееме нашите животи. Ова лудило мора да запре – била уште една од неговите пораки.

Во Охајо, има 12.500 потврдени случаи на инфекција со коронавирус, а 491 лица починале. Мекданиел е првиот во својата област што умрел од коронавирус.

Поврзани вести

Српски медиуми за синот на Вучиќ: Еве како мафијата има пристап до самиот врв на државата (фото)

Тајфун ја опустоши Јапонија: Најмалку 40 загинати, Токио остана без струја (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Шведскиот модел пред пропаст? И кај нив се зголемуваат бројките

Во САД 1.015 лица починаа од коронавирус за 24 часа, најмалку во последниов месец

Stefanija Kuzmanovska

ЕУ со повик за воздржаност и смирување на тензиите во Хонг Конг

user4

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 40.000

Влатко Зорба